Утрински Весник
Македонија

Електронското издавање книги успешен проект на Јавната локална библиотека „Илинден” од Делчево

Електронското издавање книги успешен проект на Јавната локална библиотека „Илинден” од Делчево

Делчево, 29 мај 2020 (МИА) – Во делчевската јавна локална библиотека „Илинден” повеќе од пет месеци успешно функционира електронското издавање на книгите. Директорката Билјана Петровска изрази задоволство што воведувањето на оваа програма го зголеми бројот на читатели во библиотеката, кои по паузата со работа на библиотеката заради коронавирусот, повторно ќе можат да ги бараат своите омилени изданија.
-Во врска со електронското издавање на книгите кој повеќе од пет месеци успешно функционира, сакам да ги информирам сите наши членови кои оставиле податоци кога се зачлениле, дека кога ке дојдат да вратат книга, ќе им кажеме на кој начин можат да се најават и да влезат во системот, за да имаат прегледност кои книги ги имаат прочитано, колку книги имаат земено и кога треба да ги вратат. Исто така ќе добиваат и известување на својот мобилен телефон пред последниот ден за враќање на книгите, рече Петровска.
Дел од читателите како што додава таа, предолго ги задржуваат книгите поради што со новата програма за работа, тоа нема да биде можно, бидејќи секое задржување подолго од еден ден, ќе се казнува парично.
-Поради епидемијата со вирусот библиотеката беше повеке од два месеци затворена. Сега повторно започнавме со работа и сакам да ги информирам сите наши читатели дека започнуваме со казни за ненавремено враќање на книгите. Како што знаат сите наши членови, тие имаат право да ја задржат книгата 15 дена, а доколку поминат 15 дена и книгата не е вратена ниту е продолжено нејзиното изнајмување за нови 15 дена, ќе се плаќа казна од 5 денари од ден за една книга, додава Петровска.
Ова како што додаваат од ЈЛБ „Илинден” е пракса низ повеќето библиотеки во државата, а се прави заради навремено враќање на книгите, без притоа насловите да се задржуваат повеќе време кај читателите. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија