Утрински Весник
Македонија

Во локалите во Делчево угостителите ги почитуваат мерките на Министерството за здравство

Во локалите во Делчево угостителите ги почитуваат мерките на Министерството за здравство

Делчево, 28 мај 2020 (МИА) – Со почитување на препораките на Министерството за здравство, делчевските угостители започнаа со работа по укинувањето на полицискиот час. Тие велат дека засега дејноста ќе ја извршуваат во летните бавчи, каде согласно препораките за заштита од КОВИД-19 ќе се регулира престојот на гостите.
-Засега поради обилниот дожд имаме мал број посетители, но и оние кои решија да ги посетат локалите се придржуваат до мерките. На секоја маса имаме дезинфециенси, додека вработените исто така се придржуваат до препораките, велат угостителите.
Граѓаните кои решија да ги посетат локалите, изразија задоволство од почитувањето на препораките од страна на вработените во локалите.
-Убаво е после три месеци да се почувствува како се седи на кафе во кафе-бар. Задоволни сме што се е како што треба дистанцата се почитува, по двајца на маса пијат кафе, така што ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму, истакнаа дел од гостите во делчевските локали.
Освен во кафе-баровите видно беше присуството на граѓани и во помалите кафеани и гостилници. На скара и чаша пиво најзабележителни беа пензионерите кои честеа за предвреме земената пензија. вс/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани и потребата од натамошна рехабилитација и помагала

На аџилак заминуваат 2020 муслимански верници од нашата земја – Највозрасниот 80, најмладиот 10-годишен

Поднесена кривична пријава против градоначалникот на општина Крива Паланка