Утрински Весник
Македонија

Општина Карпош: Посочената КП е надвор од ДУП-от за Трнодол

Субјекти кои вршат достава на храна/лекови може да работат и за време на полицискиот час во Карпош

Скопје, 28 мај 2020 

Целосна лага е информацијата декa носењето на Предлог ДУП – от за Трнодол (Градска четврт Ј03 Блок 7) е со лукративна цел или во нечиј интерес.

Катастарската парцела (КП) со број 616 воопшто не е во опфатот на Предлог ДУП – от за Трнодол, за кој зборува портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Димче Арсовски. Исто така, оваа катастарска парцела е надвор и од Генералниот урбанистички план (ГУП), што значи дека воопшто не може да се гради на посочената катастарска парцела.

При организацијата на повторната Јавна анкета и Јавна презентација за овој ДУП целосно се почитуваше начелото на присуство на јавноста и учество на граѓаните, односно носењето на ДУП-от во сите фази одеше максимално транспарентно.

Инцидентите и насилството во Трнодол беа иницирани од поединци, а кон целиот настан се приклучи и ВМРО – ДПМНЕ, партијата која и денеска пласира лажни информации.

За начинот на носење на ДУП – от во Трнодол во повеќе наврати сме ја информирале јавноста, како и засегнатите граѓани.

Завршено е времето кога ДУП-овите во Карпош се носеа на сила, за време на празници и далеку од очите на јавноста.

Општина Карпош продолжува со отворен пристап и транспарентност при урбанистичкото планирање, нешто што не беше практика до неодамна, кога „цветаше“ непланската и агресивна урбанизација.

Одделение за односи со јавност – ОПШТИНА КАРПОШ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Два случаи на физички напад врз малолетнички од страна на родител

За една недела 25 заболени од голема кашлица, хоспитализирани пет деца

Двајца осуденици барани со потерница вратени во затвор