Утрински Весник
Политички Партии

Прес-конференција на Илеска од ВМРО-ДПМНЕ за издавањето на еврообврзница

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот суд во која ја обжалува одлуката на ДИК

 

Скопје, 28 мај 2020

Лошото менаџирање со кризата и погрешните проценки, воедно, кога и какви мерки треба да се преземат, ќе допринесе до крајот на годината, буџетската дупка да достигне и до 1.3 милијарди евра.

Вчера владата повторно ја задолжи Македонија на меѓународниот пазар преку издавање на еврообврзница, вредна 700 милиони евра. На овие средства стапката на принос е 3,95 отсто, што значи околу 166 милиони плус камата на овие средства, кои што сите ние ќе треба да ги враќаме во рок од 6 години.

Ако уште во месец март, кога ВМРО-ДПМНЕ апелираше до владата тие пари да се позајмат, каматите ќе беа пониски, државава ќе заштедеше, а секој граѓанин ќе плаќаше помалку.

Но и вака скапите пари, за жал нема да завршат кај стопанството.

Цената за ненавремените и неправилни одлуки во економијата за време на криза, ќе ја плаќа секое семејство и тоа 1.500 евра до крајот на оваа година. Дополнително во следните неколку години, граѓаните и нивните поколенија ќе плаќаат и камата на тие пари.

За апсурдот да биде поголем, за задолжување од 1.500 евра по семејство за само една година, владата најави ваучер од 150 евра за еднократна употреба за најранливите категории на граѓани.

Растечкото задолжување, до крајот на годината ќе изнесува 1 милијарда и 50 милиони евра. Со тоа јавниот долг, како дел од БДП за една година ќе порасне на 7%.

И покрај ваквото огромно задолжување, реализацијата на капиталните проекти за првите 4 месеци од оваа година е 13%.

Во првите три месеци од годинава, оваа влада вешто направи буџетска дупка од 200 милиони евра, средства за кои ќе треба да се задолжуваме и години понатаму да ги отплаќаме. Најголем дел од овие средства се потрошени уште пред здравствената криза, а со самото тоа не се потрошени за справување со истата.

Најавениот трет сет мерки кој е чист предизборен поткуп, СДСМ го ветува од пари кои што ги нема.

На граѓаните им е потребна работа, плата и реална помош, но не по цена на нивното достоинство.

Секој ден работниците остануваат без работа, без плата, фирмите секој ден се обидуваат да ги спасат своите бизниси, а одговорот на СДСМ е ново задолжување со виски каматни стапки.

Со СДСМ добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Потребна е итна стратегија за обнова на државата.

ВМРО-ДПМНЕ има план и знае како, затоа што секогаш ги слуша потребите на граѓаните.

Анастасија Илиеска

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт