Утрински Весник
Македонија

Меморандум за соработка помеѓу Македонски полициски синдикат и Асоцијацијата за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права

Меморандум за соработка помеѓу Македонски полициски синдикат и Асоцијацијата за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Македонски полициски синдикат – Скопје Марјан Кицев и претседателот на Асоцијација за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права „Менаџер за корпоративна безбедностˮ – Скопје Атанас Козарев денеска потпишаа Меморандум за меѓусебна заедничка соработка, со цел создавање платформа за соработка меѓу овие две организации.

-Потписниците се обврзаа дека заеднички ќе делуваат и меѓусебно соработуваат во интерес на развојот на високото образование преку размена на искуства и најдобри практики, учество во настани и активности од заеднички интерес, учество во заеднички проекти во областа на високото образование и академските истражувања и тоа: проекти за развој и професионализација полициската професија и организација, истражувачки проекти, промотивни проекти за унапредување на демократските процеси и владеење на правото во областа на полициското работење, како и организирање хуманитарни настани и проекти за развивање и промоција на општествената одговорност, соопштија од Македонскиот полициски синдикат.

Заедничките активности и проекти ќе се реализираат на иницијатива и покана на една од страните потписнички на Меморандумот и секоја поединечна активност. сст/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таравари: Има информации за мала концентрација формалдехид во салите, но, официјално сѐ уште немаме ништо добиено

Затвореник од Идризово излегол на викенд и се обидел да ограби спортска обложувачница во Центар

Митева: Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа