Утрински Весник
Македонија

Хуманитарни пакети за социјално-загрозените семејства од Делчево, с.Црник и Виница

Хуманитарни пакети за социјално-загрозените семејства од Делчево, с.Црник и Виница

Делчево, 28 мај 2020 (МИА) – Невладината организација „КХАМ“ од Делчево продолжи со доделувањето помош за ранливите категории граѓани во источниот регион. Со последната актицност за доделување хуманитарни пакети како што информираше Зоран Биковски од НВО „КХАМ“, беа опфатени социјално-загрозени семејства од ромска националност.
-Во рамките на програмата Јавно здравје на Роми која КХАМ ја имплементира преку Фондацијата Отворено Општество  Македонија поделивме 100 пакети со хуманитарна помош за социјално загрозени ромски семејства во Делчево, пехчевското село и Виница. Пакетите се надополнување на предходната акција која беше спроведена заедно со Црвен Крст, рече Биковски.
Во наредниот период, како што додаде, КХАМ ке направи напори да се обезбеди неопходна помош и за други семејства од македонска и друга националност.
-Активностите продолжуваат најмногу заради поддршката која им е потребна на тие лица кои се со скромни или речиси никакви приходи. Сметаме дека ова е само мал дел од она што секој може да го направи барем малку овие граѓани да се чувствуваат подостоинствено, додаде Биковски.
Во рамки на претходните акции како што додадоа од КХАМ, дел од социјално-загрозените семејства добија хигиенски пакети и дезинфициенси со цел поуспешно справување со појавата на зараза од Ковид-19. вс/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње