Утрински Весник
Македонија

Поведена постапка против 38 непочитувачи на полицискиот час во Скопје

Истражна постапка и предлог за притвор за 27-годишник осомничен за убиство

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд во Скопје денеска поднесе 24 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 38 лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетите се товарат дека не постапиле согласно одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државата, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

Обвинителството за сите обвинети предложило парични казни по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​ бт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Ќе побара ли Мицкоски одговорност од претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ со барање до ЈО – Коцевски да не молчи за незаконското следење и злоупотребата на АНБ и АР

И овој викенд на „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час