Утрински Весник
Спорт

Екс-претседателот на Барселона: Ако Реал беше лидер, првенството ќе завршеше пред предвиденото

Екс-претседателот на Барселона: Ако Реал беше лидер, првенството ќе завршеше пред предвиденото

Барселона, 28 мај 2020 (МИА) – Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гаспар, изрази став дека првенството на Шпанија не е завршено пред предвиденото, поради фактот што Реал Мадрид не го зазема првото место.

– Ако Реал Мадрид беше лидер во времето кога сезоната беше прекината, турнирот во лигата ќе завршеше, изјави Гаспар за „АС“.

Во моментов, Барселона е водечка во Ла Лига со 58 бода од 27 натпревари. Реал има 56 бода на второто место.

Точниот датум за продолжување на шпанскиот шампионат, прекинат поради пандемијата на коронавирус, сè уште не е познат. Претходно беше објавено дека првиот натпревар по паузата може да се случи на 11 јуни. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност