Утрински Весник
Македонија

Поголем дел од Тетово без вода неколку часа поради дефект на една од главните цевки

Поголем дел од Тетово без вода неколку часа поради дефект на една од главните цевки

Тетово, 27 мај 2020 (МИА)Речиси шест часа поголем дел од Тетово беше без вода за пиење поради голем дефект на една од главните водоводни цевки на улицата „Абдул Фрашери“ (поранешна „Радован Цониќ“), информираа денеска од Јавното комунално претријатие „Тетово“.

– Поради дефект во главната водоводна мрежа ф-400 во улица „Абдул Фрашери“ имаше  прекин на водоснабдување, со почеток од 08:30 часот. Работниците од претпријатието „Водовод и канализација” беа максимално ангажирани за побрзо и поефикасно санирање на дефектот, соопштија од ЈКП Тетово.

Оттаму посочија дека стариот водоводен систем е причина за постојани дефекти, односно пукање на старите водоводни цевки. При тоа, службите на ЈКП ги менуваат со цевки од понов материјал.ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина