Утрински Весник
Македонија

Граѓаните може да поднесат барања за издавање на лични документи од 7.30 до 20 часот

Граѓаните може да поднесат барања за издавање на лични документи од 7.30 до 20 часот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните кои живеат на територијата на Град Скопје дека согласно зголеменото аплицирање за лични документи, а имајќи ги предвид и годишните одмори, воведува ново работно време во седиштето на Одделението за управни работи во Скопје како и во неколку дисперзирани канцеларии на ниво на Град Скопје.

Целта, како што информираат од таму е, да им се овозможи на граѓаните навремен и ефикасен пристап до правото да поднесат барање за издавање на лични документи.

„За таа цел започнувајќи од утре, 28 мај (четврток), секој работен ден од понеделник до петок, работното време во седиштето на Одделението за управни работи Скопје во МТВ како и дисперзираните канцеларии во „Беко“ и во „Ѓорче Петров“ ќе биде со почеток од 07.30 до 20.00 часот, додека во дисперзираните канцеларии за управни работи во „Бутел“ и  „Драчево“, работното време од понеделник до петок ќе биде од 10 до 18 часот,“ информираат од МВР.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Сообраќајот без застои, магла кај Демир Капија

Наутро магла, сончево со умерена облачност преку ден

ЕУ останува посветена на постепената интеграција на Северна Македонија во својот внатрешен пазар