Утрински Весник
Македонија

Пешки или со возила се движеле низ Тетово и околината во време на полициски час

Тројца жители на беровско Будинарци не го почитувале полицискиот час

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Основното обвинителство – Тетово, поднесе предлози за издавање на казнени налози против осум лица заради стореното кривичното дело  „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Истовремено, на тетовскиот Суд му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.​

Како што соопштија од тетовското Обвинителство обвинетите во одделни кривично правни настани не го почитувале полицискиот час, па без дозвола се движеле пеш или со возила низ Тетово и околината.​ оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание