Утрински Весник
Политички Партии

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Костадин Костадинов 

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не мораше физички да биде присутен на инаугурацијата на Пендаровски

 

Скопје, 27 мај 2020 

Додека целиот свет води здравствена и економска битка, СДСМ се бави со политиканство.

Никакво решение не може да биде изборен процес кој ниту ќе е демократски, ниту слободен, изборен процес на кој граѓаните со страв ќе одат на гласачките кутии.

Костадинов по стапките на неговиот ментор, аболицираниот Заев притиска за брзи корона избори на кои наместо гласови ќе ги броиме заразените и починатите од корона вирусот.

Во моментите додека Костадинов се бори за спас на политичката кариера на Заев, во Македонија се регистрирани нови 25 случаи на опасниот корона вирус, а тројца наши сограѓани ја загубија битката за своите животи.

Во најмала рака неодговорно, односно срамно е однесувањето на СДСМ кон пандемијата и опасноста по здравјето на граѓаните.

Додека целиот свет води здравствена и економска битка, СДСМ се бави со политиканство.

Народот гледа се, народот не можат веќе да лажат и народот ќе ги казни на следните избори кога и тие да се одржат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт