Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Се обновуваат гевгелиските училишта во време на вонредна состојба

Се обновуваат гевгелиските училишта во време на вонредна состојба
Img 7972

Гевгелија, 27 мај 2020 (МИА) – Деновите пред почетокот на уписот на првачињата на 1 јуни, основните училишта во Гевгелија ги користат за обновување на училишните згради кои до почетокот на идната учебна година нема да бидат повторно отворени.

Периодот се користи да се изврши неопходното белење, фарбање огради, санации и поправки на санитарни јазли, како и уредување на ентериерите односно за целосна реконструкција која на учениците и наставниците ќе им овозможи подобри улови за работа и следење на наставниот процес.

– Во ОУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија реконструкциите се при крај, а истовремено течат подготовките за целосна обнова на подрачното основно училиште во селото Моин, за што се обезбедени преку 2 милиони денари од Министерството за образование, потврдија од училиштето.

Оваа учебна година во подрачното училиште во Моин две наставнички во комбинирани паралелки изведуваа настава за 12 ученици кои, веројатно во поголем број, наесен ќе ги пречека комплетно реновирано училиште. им/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Галичник отсечен од светот, патот е затрупан и замрзнат

Царинa заплени средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека и друго

Отворени две постапки за семејно насилство во Скопје, се бара притвор