Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Милевски: За ЛДП 5 јули е прифатлив датум за изборите

Милевски: За ЛДП 5 јули е прифатлив датум за изборите
Img 7972

Прилеп, 27 мај 2020 (МИА) – Ја поддржуваме иницијативата на ДУИ изборите да се одржат на 5 јули, изјави денеска министерот за локална самоуправа и претседател на Либерално-демократската партија, Горан Милевски.

– Ја поддржуваме иницијативата на ДУИ парламентарните избори да се одржат на 5 јули. Мисиме дека е крајно време да се закаже датумот за изборите, бидејќи, како што може да се забележи, кризата го намалува влијанието, но во догледно време нема целосно да се укине: не може да чекаме да нема ниту еден заболен, зашто не знаеме кога ќе биде. Ние мора да ги одржиме изборите, зашто проектите се закочени. Конкретно, ние во локалната самоуправа ја започнавме децентрализацијата која запре со распишувањето избори и изборот на техничката влада, која пак, не може да носи политички одлуки. Мора да го деблокираме процесот за да продолжат реформите во државата, изјави Милевски при денешната посета на Прилеп.

Тој воедно истакна дека во Министерството за локална самоуправа е закочен Законот за рамномерен регионален развој и децентрализацијата, многу битен за општините, а оттука и за граѓаните.

– За нас е прифатлив 5 јули ако тоа е компромисниот датум и сметам дека ова прашање поголемите политички партии треба веќе да го разрешат за да не се создава некоја вештачка политичка криза. Гледаме, и во Хрватска се закажани изборите, дури имаат собири и средби. Треба да водиме грижа, да се придржуваме на мерките од Комисијата за заразни болести, да донесеме протокол за изборите за да се заштити здравјето на граѓаните, наведе Милевски. ем/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Македонија е нашиот дом, да се избориме за достоинствен живот на граѓаните

Каранфилова Пановска: Промените во Вевчани доаѓаат со Стефан Радиновски, да се избориме за нашиот дом!

Димитријевиќ од Дебрца: Пензионерите станаа жртва на лагите на Мицкоски и ДПМНЕ