Утрински Весник
Македонија

Нови 25 случаи на КОВИД-19, тројца починати

Нови 25 случаи на КОВИД-19, тројца починати

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани нови 25 случаи на КОВИД-19, а три лица починале, двајца на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, пациент од Струга (58) и пациент од Скопје (47), како и еден во ГОБ „8 септември“, пациент од Тетово (41).

Пациентите што починале на Инфективната клиника долго време биле на механичка вентилација, додека пациентот од Тетово во ГОБ „8 септември“ бил хоспитализиран на 19 мај.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 17 оздравени пациенти и тоа во Скопје 11, во Куманово 4 и во Тетово и Велес по еден. Во последните 24 часа се направени и 622 тестирања.

Од новите регистрирани случаи со коронавирус, 14 се во Скопје, два во Куманово, четири во Штип, два во Тетово и по еден во Прилеп, Струга и Велес.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450. Последната дистрибуција по градови е:
•       Скопје – 747, активни 210
•       Куманово – 438, активни 33
•       Дебар – 51, активни 0
•       Штип – 50, активни 15
•       Прилеп –211, активни 47
•       Тетово – 179, активни 70
•       Струга – 77, активни 9
•       Велес – 128, активни 40
•       Битола –28, активни 7
•       Охрид –23, активни 8
•       Кавадарци – 5, активни 0
•       Гостивар –22, активни 4
•       Гевгелија – 4, активни 0
•       Струмица – 3, активни 1
•       Крива Паланка- 6, активни 0
•       Радовиш – 4, активни 0
•       Крушево – 3, активни 0
•       Кочани – 31, активни 0
•       Пробиштип – 2, активни 0
•       Кичево – 2, активни 0
•       Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•       Демир Хисар – 1, активни 0
•       Македонски Брод – 2, активни 0
•       Пехчево- 3, активни 0
•       Делчево-1, активни 0
•       Валандово -1, активни 0
•       Виница – 3, активни 1
•       Кратово-2, активни 1
•       Берово-1, активни 0
•       Свети Николе-1, активни 1

Направените 622 теста се преку: ИЈЗ –278, Ветеринарен ф-тет -24, Авицена –20, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –79, Систина со PCR метода -54  и МАНУ -119.  Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа нема нови приеми, хоспитализирани се вкупно 50 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација е еден пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 26 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 7, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. На инфективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  40 пациенти-позитивни и сомнителни на Ковид-19. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид