Утрински Весник
Македонија

98 отсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

98 отсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во периодот од 6 август заклучно со 16 декември.

Како што посочуваат од ресорното министерство, во анализата за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примањето на втора доза вакцина.

Така во наведениот речиси четиримесечен период, на територија на државата 64.963 граѓани биле позитивни на Ковид-19, а од нив 32% биле целосно вакцинирани, односно 20.894 лица.

Според статистиката, 44.069 граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид-19, не биле вакцинирани.

Од Министерството за здравство посочуваат дека процентот на невакцинирани лица кои се хоспитализирани изнесува 98%, додека само 2% од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Анализата покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.

Во периодот од 6 август до 16 декември гидинава на територијата на државата починале 2.272 лица со Ковид-19, при што 1.790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина.

Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.

Можете да прочитате

СДСМ: Началникот Мартиновски без наредба за приведување ја малтретирал жената, бараме итна кривична постапка за него

„Не доаѓаме за починати“ потресно сведоштво на Ванковска за нечовечноста во системот

Во Ѓорче Петров одбележани дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила