Утрински Весник
Македонија

96 санкционирани возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 96 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 17 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле и осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Можете да прочитате

Филипче: Намалувањето на ДДВ за гориво е задоцнета и половична мерка која нема да има ефект

Три лица уапсени за семејно насилство во последното деноноќие

Приведени седум лица во Скопје