Осумгодишно девојче од Германија било изолирано од светот затоа што семејството седум години го држело затворено во куќата.
Девојчето беше пронајдено во домот на нејзината баба и дедо во Атендорн, западна Германија. Како што пишува „Еуроњуз“, семејството не сакало девојчето да живее како нејзините врсници, па не го пуштале да оди во градинка и училиште.
Германските медиуми јавуваат дека девојчето седум години било затворено во куќа во изолација и оти сега ѝе тешко нормално да оди и да се качува по скали.
Осумгодишното девојче привремено e во згрижувачко семејство и е во добра состојба. Лекарите кои ја прегледале не откриле знаци на физичко малтретирање на нејзиното тело.
Јавното обвинителство во Зиген сега води истрага против мајката, бабата и дедото за изолирање на девојчето. Извештаите за случајот сугерираат дека по разводот мајката се обидела да го скрие девојчето од нејзиниот татко. Мајката наводно тврдела дека со ќерката се преселила во Италија во 2015 година.