Утрински Весник
Македонија

72 – годишна жена измамена за 40.000 денари и 1.500 долари

Denari Pari.jpg

72 – годишна жителка на село Буково била измамена од лице кое се претставило како лажен инспектор. Телефонски, тој ја информирал дека нејзината ќерка и зет предизвикале сообраќајна незгода. Под закана и лажно уверување, оштетената оставила 40.000 денари и 1.500 американски долари на договорена локација во Битола.

Откако утврдила дека настанот не е вистинит, случајот бил пријавен во полиција.

Денес, СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.А. (46) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „Измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

СДСМ: Нов дефокус – Закон за пушење 

АХВ лани извршила над 125.000 контроли

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози