Утрински Весник
Македонија

71-годишна жена почина во пожар во Ќерамидница

Pozar.webp.webp

На 24.02.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Ќерамидница настанал пожар во куќа, сопственост на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми.

Од Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје  пожарот бил изгаснат, а на местото е пронајдена почината сопственичката.


Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

Д-р Станков: Двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт

Филипче: Урнат е правниот систем, за Груби фалеше уште црвен килим

Вчера првпат не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло