Утрински Весник
Македонија

71-годишен маж од Битола извршил полов напад врз осумгодишно дете

71-годишен маж од Битола извршил полов напад врз осумгодишно дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донел наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години казниво по Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот 71-годишник на 25 септември, во својот дом во Битола, извршил други полови дејствија врз осумгодишно дете, кое го заклучил во станот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, информираа надлежните.

Можете да прочитате

Силјановска Давкова: 11 Октомври е вечен завет за чување и развој на татковината

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Македонија го празнува 11 Октомври – 85 години од народното востание