Утрински Весник
Македонија

659 санкции за брзо возење на територија на цела држава

44 возачи казнети за брзо возење на автопатот Скопје-Велес

Во текот на вчерашниот ден (06.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 659 возачи.

Од нив, 90 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 19 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово – 145, а потоа на територија на СВР Скопје – 111, на територија на СВР Куманово – 93…

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Се воведува целосна забрана за движење во шума од 1-ви јули до 31-ви август

Мицкоски: По 7 години застој градиме интерконектор за гас со Грција, ќе станеме земја која извезува електрична енергија

Јули и август ќе бидат натпросечно топли – Во вторите половини од двата месеца ќе има зголемен ризик од пожари