Утрински Весник
Спорт

6 фудбалери на Вилјареал во идеалната постава на Лига Европа

6 фудбалери на Вилјареал во идеалната постава на Лига Европа
Dik 300x250 mk

По големата победа на Вилјареал во финалето на Лига Европа против Манчестер Јунајтед во средата, УЕФА ја соопшти идеалната постава на ова натпреварување за сезоната 2020/2021.

Шампионот Вилјареал има дури шестмина меѓу најдобри во ЛЕ.

Во топ-поставата има место и за еден Србин, еден Босанец и двајца Хрвати, играчи на Динамо Загреб како награда за сјајната сезона на хрватскиот клуб.

Тимот на сезоната во ЛЕ го сочинуваат:

ГОЛМАНИ: Доминик Ливаковиќ, Херонимо Рули и Пау Лопез

ОДБРАНА: Раул Албиол, Пау Торез, Алфонсо Педраса, Хари Мегваер, Арон Ван-Бисака, Џанлуиџи Мансини и Леонардо Спинацола

СРЕДЕН РЕД: Бруно Фернандеш, Пол Погба, Скот Мектоминај, Дани Парехо, Етјен Капу, Лоренцо Пелегрини, Лукаш Провод и Мислав Оршиќ

НАПАД: Душан Тадиќ, Един Џеко, Џерар Морено, Едисон Кавани и Николас Пепе.

> 6 фудбалери на Вилјареал во идеалната постава на Лига Европа <

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето