Утрински Весник
Македонија

597 ковид-пациенти се лекуваат во болниците низ земјава

Петмина починати и 75 новозаболени од ковид-19 во земјата

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 597 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на вирусот, додека пак во главниот град таа бројка е 263 лица.

Исто така, во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 15 нови пациенти поради компликации од вирусот.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 18, во ковид-центарот во Гостивар 19, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 3, во Кичево 8, Кавадарци 13, во Гевгелија 8 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението на ресорното министерство од каде нагласуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведен возач на автобус, управувал без возачка дозвола

ОJO со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка

Маж од гостиварско ја следел поранешната девојка и преку лажни профили и упатувал закани