Утрински Весник
Македонија

539 полициски службеници ангажирани во пожарите во последното деноноќие

539 полициски службеници ангажирани во пожарите во последното деноноќие

539 полициски службеници биле ангажирани во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 18.08.2021 до 07.00 часот денеска на 19.08.2021. Според информации од полицијата реализирани биле и 224 мото-патроли и користени 166 моторни возила. На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, посочуваат од МВР.

Можете да прочитате

Конески: Да ги вклучиме младите во локалната власт и да им дадеме причина да останат во Македонија

Конески: Заминувањето на студии во странство не е бегство, стекнатото знаење треба да се врати дома

Филипче: Специјален закон за ветинг за сите функционери – од мене, до Заев, Шекеринска ама и Мицкоски