Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

534 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за пожарите

534 полициски службеници  ангажирани во последното деноноќие за пожарите
Img 7972

534 полициски службеници биле ангажирани во активностите за гаснење и превенирање на пожарите во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата во периодот од 07.00 часот на 23.08.2021 до 07.00 часот денеска 24.08.2021, притоа биле реализирани 204 мото-патроли и користени 162 моторни возила. На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата, соопшти МВР.

Полицијата апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е континуирана будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, апелираат надлежните.

Можете да прочитате

Апсење во Тетовско – Ова се причините

ОГРОМНА НЕГАТИВНА ТЕМПЕРАТУРНА АНОМАЛИЈА: Доаѓаат голем студ, многу дожд и снег!

Фазлиу: ДУИ претворена во приватна компанија во служба на српските интереси