Утрински Весник
Македонија

52-годишно лице тешко повредено во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струмица-Ново Село

52-годишно лице тешко повредено во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струмица-Ново Село
Dik 300x250 mk

На 17.03.2022 во 23.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат А-4 Струмица-Ново Село се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.И.(32) од село Гечерлија, струмичко и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(19) од село Босилово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „поло“, Р.Д.(52) од село Босилово, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Можете да прочитате

Бомба М75 поставена на автомобил во гаража на скопјанец, сопственикот добил заканувачки пораки!

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железничкиот тунел на Коридорот 8

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ! Во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте!