Утрински Весник
Спорт

5 фудбалери летово го напуштаат Баерн Минхен

5 фудбалери летово го напуштаат Баерн Минхен

Ханси Флик, тренерот на германскиот фудбалски шампион, Баерн Минхен побара од Управата до крајот на сезоната да им биде продолжена позајмицата на Иван Перишиќ, Филипе Кутињо и Алваро Одриозола. Желбата му беше исполнета, и со нив тројца во составот ќе нападне во завршницата од Лигата на шампиони, но потоа ќе мора да се збогува со нив.

„Кикер“ пишува дека 100% е сигурно дека Одриозола се враќа во Реал Мадрид, а Кутињо во Барселона. Се уште не е донесена конечната одлука за Перишиќ, но извесно е дека Баерн нема да го откупи неговиот договор од Интер.

Баварскиот клуб минатиот август на Интер му плати 5 милиони евра за едногодишна позајмица на Хрватот со можност за 20 милиони евра да го откупат неговиот договор.

Во 30 настапи за клубот од Минхен, Перишиќ постигна 6 гола и имаше 9 асистенции. Баварците беа решени да го откупат договорот, но дојде трансферот на Лирој сане од Сити во Баерн, па сега германските шампиони немаат доволно пари за хрватскиот интернационалец, пишуваат тамошните медиуми.

Баерн Минхен ќе го напуштат и Хави Мартинез и Свен Улрих, двајцата незадоволни од статусот во клубот. Се очекуваат и други заминувања, а пред се тука се мисли на Тиаго Алкантара. Ако тој не го продолжи договорот, тоа значи дека сигурно на „Алијанц арена“ ќе остане Корентин Толисо.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност