Утрински Весник
Свет

Експлозија и пожар на американски воен брод

Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар кој што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти.

Американските медиуми прикажаа снимки на кои се гледа густ чад од бродот USS Bonom Richard, кој се наоѓал во пристаништето Сан Диего, каде што бил на ремонт.

Експлозијата, чија причина не е позната, се случила додека во авионот имало 160 морнари. Според властите, 17 морнари и четворица цивили се повредени, а сите биле однесени во блиската болница. Медиумите објави дека неколку полицајци се повредени по вдишување чад.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат Европа повторно да купува руски гас како дел од мировниот план за Украина

Немирите се шират низ Италија, малолетници се судрија со полицијата во неколку градови

Tанкер во ОАЕ погоден со две ракети, повреден член на екипажот