Утрински Весник
Македонија

481 казна за брзо возење

481 казна за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (15.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 481 возач.

dobivaj vesti na viber

Од нив 43 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа 247 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 234 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Гори во Валандово и Дојран – МВР испраќа хеликоптер

Кос: Уставните измени се единствен услов за ЕУ, манастирите, погачата и пинџурот се вашиот идентитет

Уставниот суд се иззема за предлог законот за независните кандидати