Утрински Весник
Македонија

45 поднесени кривични пријави до сега во врска со пожари на отворен простор, лишени од слобода 66 лица

Image 2025 10 27 145744554.png
Dik 300x250 mk

Министерството за внатрешни работи известува дека од 01.04.2025 до 27.10.2025 година, регистрирани се вкупно 2.197 пожари на отворен простор, при што лишени од слобода се вкупно 66 лица, а по преземени мерки поднесени се 45 кривични пријави.

Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност.


Воедно ве известуваме дека од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 27.10.2025 без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 27 лица. Против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Закон за шуми.

Во насока на рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.

Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите.

Можете да прочитате

Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните  

НАИ реагира на одбиените приговори за првиот круг од гласањето во Гостивар

СВР Куманово уапси двајца фудбалери од ФК „Беса“ кои нападнале играчи на ФК „Аеродром“