Утрински Весник
Македонија

44 возачи казнети за брзо возење на автопатот Скопје-Велес

44 возачи казнети за брзо возење на автопатот Скопје-Велес

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 44 возила, известува МВР.

Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од МВР предупредуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации