Утрински Весник
Македонија

40-годишна жена прегазена од автомобил во центарот на Скопје

40-годишна жена прегазена од автомобил во центарот на Скопје

40-годишна жена била тешко повредена по удар од патничко возило во Скопје.

Имено според полицијата, денеска во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“ во Скопје, патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Г.(24) од Скопје, удрило во К.Р.(40) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Р., констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

ДУИ: Скоро 25 милиони евра потрошени за увоз на струја од почетокот на годината

Забрчанец: Единствен начин да се врати довербата во НБРМ е Славески да си замине

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино