Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

40 години подоцна: Парче од свадбената торта на Чарлс и Дијана продадено на аукција

40 години подоцна: Парче од свадбената торта на Чарлс и Дијана продадено на аукција
Dik 300x250 mk

Венчавката на принцезата Дијана и принцот Чарлс засекогаш ќе се памети како една од најубавите церемонии во историјата, а од тогаш поминаа 40 години.

Кога ќе се потсетиме на лејди Дијана, првото нешто што ни паѓа на памет е нејзината убавина, скромност и хуманост, поради што до ден денес останува непрежалена принцеза, а многу луѓе сакаат да имаат вистинско парче историја во спомен на најубавата свадба.

Идејата за торта стара 40 години не изгледа како привлечна опција за дегустација, и многумина веројатно нема ни да помислат да ја купат, но тоа не е обично парче торта!

Имено, парче од една од 23. торти на свадбата на принцот Чарлс и принцезата Дијана (тешко 28 грама) беше продадено на аукција, и иако се очекуваше да се продаде за 500 фунти, тоа достигна цена од дури 2,000 фунти.

Не се знае што ќе прави купувачот со тортата, а медиумите се шегуваат дека сигурно нема намера да ја вкуси. Тој плати прилично убава цена за да стане сопственик на тоа слатко парче кралска историја.

Можете да прочитате

Зошто нема Нобелова награда за математика?

Ќе ја исполнам последната желба на Панчо

Внуката на Панчо му посвети емотивна порака и ги расплака сите (ФОТО)