Утрински Весник
Спорт

35 ракометари на спискот за евроквалификациите

35 ракометари на спискот за евроквалификациите

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари за квалификациските натпревари за пласман на ЕВРО 2024.

dobivaj vesti na viber

Македонија е дел од Групата 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург.

Во рамки на ЕХФ неделата ракометарите ќе одиграат два натпревари во квалификациската група. Првиот натпревар е во Скопје против селекцијата на Луксембург на 12 октомври, а потоа ракометарите ќе гостуваат во Турција на 16 октомври.

Европското првенство ќе се одржи во период од 10 до 28  јануари 2024 година во Германија.

Можете да прочитате

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

У17: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука