Утрински Весник
Македонија

322 казни за брзо возење на територијата на државата

322 казни за брзо возење на територијата на државата

322 возачи биле казнети по вчерашната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, на територијата на државата.

Од нив, 29 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 143 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 179 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата, од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Протест – 24info.mk

Пуштена во употреба реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс