Утрински Весник
Скопје

30 автобуси на ЈСП повторно не возат, немаат метан

Jsp Avtobusi Parkirani.jpg

Околу 30 автобуси на ЈСП – Скопје денеска не сообраќаат поради недостаток на метан, потврди Меџит Идризи, потпретседател на синдикатот при ЈСП.

Според неговите информации, проблемот е во неплатениот долг за метан, што ја принудило компанијата да ги повлече автобусите во гаража.


Идризи изрази загриженост и за неизвесноста околу исплатата на платите до 15 декември, напоменувајќи дека вработените, особено оние со кредити, се во паника. Тој повика на решавање на долговите и редовно обезбедување на автобуски линии и плати.

Можете да прочитате

Се обновува неврохируршката служба во градската општа болница „8-ми Септември“

Панорамско тркало и нови атракции, стартува подготовката за луна паркот во Скопје

Нечисти гуми, валкани улици – инспекцијата со казни во општина Аеродром