Утрински Весник
Спорт

30.000 навивачи го пречекаа Марсело на „Маракана“

30.000 навивачи го пречекаа Марсело на „Маракана“
Dik 300x250 mk

Бразилскиот фудбалер Марсело се врати на „Маракана“, поточно во Фулминенсе, каде му беше приреден дочек за паметење.

dobivaj vesti na viber

Левиот бек се врати во Фулминенсе, откако помина повеќе од една деценија во Европа.

Сцените од промоцијата, на кои присуствуваа повеќе од 30.000 луѓе, ја покажуваат врската помеѓу Марсело и гигантот од Рио де Жанеиро.

Марсело во мај ќе го прослави својот 35 роденден, а сепак остава впечаток на играч способен да направи разлика.

“Се вратив дома во најдобрата животна возраст. Знам дека луѓето овде веруваат во мене и дојдов да се борам, да му дадам страст и уживање на овој народ”, изјави Марсело пред навивачите кои му создадоа атмосфера за паметење.

Најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид, во Флуминенсе дојде како слободен играч, откако во јануари по само шест месеци престој во Атина, спогодбено се раздели со Олимпијакос.

Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата