Утрински Весник
Култура

29-та Лесновска ликовна колонија во Куманово

29-та Лесновска ликовна колонија во Куманово

Во четврток со почеток во 13 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на слики од 29-та Лесновска ликовна колонија. Изложбата содржи триесеттина слики работени во периодот 28.06. – 03.07.2021 од страна на петнаесетте учесници на колонијата.

Оваа ликовна колонија е од меѓународен карактер но поради пандемијата само еден учесник е од странство.

Инаку учество зедоа следниве уметници: Валентина Илијевска -Васил Гаврилов -Душан Коцев -Дарко Заревски -Димитар Димитров -Ѓоко Антониев -Киро Јосифов -Марјанчо Крстев -Новица Трајковски -Силвана Богатинова -Соња Р. Јовановски -Стефанија Ангеловска -Тони Чатлески -Филип Добривоевски – сите од Македонија и Летив Намдаганхин од Монголија.

Лесновската меѓународна ликовна колонија се организира од 1992 година од страна на Домот на културата “Злетовски рудар“ – Пробиштип а во 2021 година доби финансиска поддршка и од Министерството за култура од РС Македонија.

Во Куманово изложбата ќе биде поставена до 23.02.2022.

Текстот 29-та Лесновска ликовна колонија во Куманово е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“