Утрински Весник
Македонија

29 казни за непропуштање пешаци на пешачки во Тетовско

29 казни за непропуштање пешаци на пешачки во Тетовско

Денеска (10.08.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 29 возачи.

dobivaj vesti na viber

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин.

Можете да прочитате

Променливо облачно со повремен дожд и посвежо

Ковачевски: Минимална плата од 600 евра и само 7% невработеност до 2028 година

Османи: Вашиот глас е инвестиција за иднината