Утрински Весник
Македонија

284 санкции за пребрзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 284 возачи.

Од нив, 21 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 118 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 166 надвор од населено место.

За време на акциската контрола санкционирани биле и 61 други видови прекршоци.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Мицкоски: Годинава првпат петтоцифрена бројка на номинален БДП по глава на жител од 10.500 долари

Магла на Ѓавато, Плетвар,Стража и Крушево

Државата се задолжува со 30 милиона евра краткорочен кредит кај приватна банка по непозната каматна стапка