Утрински Весник
Македонија

275 возачи казнети за брзо возење на територија на цела држава

275 возачи казнети за брзо возење  на територија на цела држава

Вчера Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 275 возачи, информираа од министерството.

Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави министерството и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

ВМР-ДПМНЕ: Оставката на Ристоска е ден на жалост за рекет обвинителите и ден на среќа за обесправените

Во месец март констатирани 26.241 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“