Утрински Весник
Свет

27-годишник од Велика Британија кој имал корона: „Сè уште имам симптоми и по 182 дена“

27-годишник од Велика Британија кој имал корона: „Сè уште имам симптоми и по 182 дена“

Поминаа 182 дена откако 27-годишниот Чарли Расел се разболе од Ковид-19 и тој сè уште не може да прави сé што правел порано, пишува „Гардијан“.

Тој не трча пет километри три пати неделно како порано. Не оди во пабови и не е подобар.

„Да знаев дека ќе бидам волку болен, ќе ја сфатев ситуацијата многу посериозно во март. Но, сè што знаевме тогаш беше дека ако сте млади и да се заразите, веројатно нема да имате никакви симптоми. Или ќе бидете болни неколку недели, и тоа е тоа“, рече тој.

Но, наместо тоа, според Гардијан, Расел има болка во градите, силна мигрена, вртоглавица и исцрпеност и го губи здивот. Сите овие симптоми се карактеристични за луѓето кои имаат долгорочни последици од Ковид-19.

Расел, кој по професија е фотограф раскажува бил болен две недели и неговата состојба се подобрила. Но, по некое време тој почнал да чувствува страшни болки во градите, кои ги опишува како некој да седи на него.

„Многу е фрустрирачко кога луѓето одбиваат да носат маски или не сакаат да ги следат основните правила за физичко растојание. Сакам да ги раздрмам луѓето и да им кажам: Живеам со ова веќе шест месеци!’“, изјави тој.

Чарлс Шеферд – медицински советник кој исто така им помага на луѓето со долготрајни последици од Ковид-19 вели дека е ужасно е да се говори дека младите ќе бидат добро и дека главната причина што не треба да излегуваат надвор е тоа што може да ги заразат своите баби и дедовци.

„За младите постои ризик дека ќе се разболат и можеби нема да завршат во болница, но тие можат да бидат истоштени со пост-ковиден синдром подолго време. Ова нема да им се случи на повеќето, но постои реален ризик за дел од нив, рече Шеферд.

Во Велика Британија, околу 600.000 луѓе имаат некаква форма на пост-ковидно заболување, објаснува Тим Спектор за Гардијан, кој работи како епидемиолог. Тој тврди дека околу 12 отсто од пациентите на апликацијата „Ковид тракер“ пријавуваат симптоми подолго од 30 дена, а кај еден од 200, тие траат повеќе од 90 дена.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд