Утрински Весник
Свет

266 милиони луѓе во светот лани биле погодени од глад

20251016195350 big 730x400 46.webp.webp

Бројот на луѓе кои страдаат од глад останува драматично висок во светот, покажува извештајот на Глобалната мрежа против кризи поврзани со храна (GNAFC).

Минатата година околу 266 милиони луѓе во 47 земји биле изложени на ризик од акутна несигурност во снабдувањето со храна, се наведува во најновите податоци објавени денеска.


Во извештајот се истакнува дека десет земји се несразмерно погодени, меѓу кои Авганистан, Судан и Јемен.

Според GNAFC, акутната несигурност во снабдувањето со храна во последната деценија се удвоила, а глобалното ниво на глад останува алармантно високо.

Во документот се наведува дека минатата година, првпат во историјата, беше прогласен глад на две места – во делови од Појасот Газа и во делови од Судан.

Во однос на тековната година, мрежата предвидува мрачна перспектива. Тековните конфликти, климатските промени и глобалната економска неизвесност веројатно ќе ја одржат ситуацијата на критично ниво во многу земји, па дури и ќе ја влошат.

Ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток дополнително може да ја влоши состојбата во одредени земји и региони, но, според мрежата, сè уште е рано за прецизни проценки.

Германското Министерство за економска соработка и развој ѝ се приклучи на GNAFC на почетокот на годинава.

Во реакција на извештајот, државниот секретар Нилс Анен повика на „силна, колективна и координирана акција“. 

Можете да прочитате

НАТО: Северноатлантскиот договор не предвидува исклучување на земја-членка

Захарова: Новиот пакет санкции на ЕУ ќе предизвика тешки последици за земјите во развој

Русија нема да плаќа транзитни такси за премин низ Ормуска Теснина