Утрински Весник
Балкан

26 лица уапсени во меѓународна полициска акција во Србија, Романија, Финска и Естонија

Srpskapolicija.webp.webp

Вкупно 26 лица од меѓународна криминална група се уапсени во заедничка полициска акција на Србија, Романија, Финска и Естонија, соопшти денеска српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Од вкупно 26 уапсени во акцијата, 11 се приведени во Србија, 14 во Романија, а едно лице е уапсено во Финска. Тие се приведени поради сомнение за сторени кривични дела формирање криминална група, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични супстанции, перење пари и неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

Во соопштението на српското МВР се наведува дека претставниците на таа меѓународна организирана криминална група најверојатно набавувале големи количини лекови преку трговската компанија „Гаги Фарм“. Лековите се на листата на контролирани психоактивни супстанци. Потоа, групата ја презентирала фиктивната продажба на лековите во трговските компании „Емафарм“ и „Лазарекс“ со седиште на територијата на Косово. Лековите се продавале и на територијата на Романија, Финска и Естонија.

Српската полиција од осомничените запленила околу 200.000 лекови кои се на списокот со психоактивни контролирани супстанци, оружје, околу 25.000 евра и автомобили, како и работна документација.

Во април оваа година во Србија приведени беа 10 претставници на истата криминална група. 




Можете да прочитате

Масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил

Физички пресметки и тензии во српскиот парламент поради трагедијата во Нови Сад

Свеќи од роденденска торта предизвикаа пожар во кафуле во Атина