Утрински Весник
Македонија

258 сообраќајни прекршоци во Скопје, 44 за брзо возење

118 санкционирани возачи во Скопје, 30 за брзо возење

По засилените сообраќајни контроли на МВР, на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 258 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 44 санкции, 27 за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле и 23 санкции за користење мобилен телефон, 25 за некористење сигурносен појас, 19 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за недавање првенство на минување на пешаци, 45 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност .

Можете да прочитате

Утрово слаб снег во Крушево и магла на Пресека

Ќе се формира Владин центар за одговор на сајбер инциденти

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин