Утрински Весник
Свет

Комуникациската платформа на Доналд Трамп трајно исклучена

Комуникациската платформа на Доналд Трамп трајно исклучена

Комуникациската платформа на Доналд Трамп е трајно затворена, изјави неговиот портпарол за Си-Ен-Би-Си.

Платформата наречена „Од бирото на Доналд Џуниор Трамп“ беше лансирана минатиот месец и беше начин поранешниот претседател да објавува сопствена содржина, вклучувајќи соопштенија за печат и видеа, пренесе Би-Би-Си.

Инаку, на Трамп му е забранет пристапот до Фејсбук и Твитер по немирите во Капитол.

„Од бирото на Доналд Џуниор Трамп“ имаше дел на официјалната веб-страница на поранешниот претседател, но сега е отстранет. Портпаролот преку Твитер потврди дека ова е најава за враќање на Трамп на социјалните мрежи, иако не е јасно кога и како тоа ќе се случи.

Веб-страницата, која функционираше како еден вид блог, имаше можност да ги објавува објавите на Трамп и им даде на посетителите можност да ја лајкуваат објавата и да ја споделат на Фејсбук и Твитер. За сопствената платформа на Трамп се зборуваше од почетокот на оваа година, но не е јасно како би можело да изгледа.

Некои сметаа дека се работи за платформа на која алудираше поранешниот претседател, но неговиот портпарол во мај рече дека не е тоа: „Дополнителни информации на тој фронт ќе имаме во многу блиска иднина“, пренесе Би-Би-Си.

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови