Утрински Весник
Македонија

254 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (20.9.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 254 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа 138 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Реката Вардар во Гостивар во загрижувачка состојба

Мицкоски: Во моментов имаме доволно нафтени деривати

Наунова со ултиматум: Ако за три дена нема токсиколошки наоди, ќе протестираме пред Судска медицина