Утрински Весник
Македонија

238 сообраќајни прекршоци во Скопје, 62 за брзо возење

238 сообраќајни прекршоци во Скопје, 62 за брзо возење
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во вчерашните акциски контроли од страна на МВР, на територија на град Скопје биле изречени вкупно 238 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 62 санкции, 43 мерки за возење под дејство на алкохол, 24 мерки за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени биле и 26 казни за возење без возачка дозвола, седум санкции за нерегистрирани возила, 10 мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за прекршоци што ги прават мотоциклите.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Можете да прочитате

СДСМ: „Во Македонија – Резолуција. Во Третиот рајх – Декрет. Има ли разлика?“

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово