Утрински Весник
Македонија

23-годишно момче почина од коронавирус, потврдени 722 нови случаи

23-годишно момче почина од коронавирус, потврдени 722 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус починаа 26 лица, меѓу кои е и 23-годишно момче од Крива Паланка, информира Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 5.865 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на КОВИД-19 од кои најмногу во Скопје – 302,Тетово – 51, Куманово – 46, Струмица – 42.

Во Гостивар – 39, Охрид – 24, Велес ,Кичево и Штип – по 21, Кавадарци – 19, Битола ,Свети Николе и Струга – по 18, Прилеп – 16, Кочани – 13, Дебар – 7, Делчево и Радовиш – по 6, Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4, Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3, Богданци,Валандово и Виница – по 2, Демир Хисар,Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1 .

Регистрирани сe 574 оздравени пациенти.

Пријавени се 26 починати лица: 6 починати лица од Скопје (77г,63г,58г,57г,52г,47г,), по 5 починати лица од Тетово (74г,73г,68г,67г и 62г), по 3 починати лица од Гостивар (82г,55г и 52г) и Куманово (84г,71г и 65г) , по 2 починати лица од Кичево (78г и 68г) и Струга (76г и 45г) и по едно починато лице од Крива Паланка (23г), Струмица (73г) ,Штип (67г) ,Охрид (84г) и Прилеп (83г).

Од пријавените лица 20 се починати во болнички услови, а 6 од пријавените лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.175. 766 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројката на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а бројот на активни случаи изнесува 14.998.

Можете да прочитате

Сопругата на премиерот на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп

Охриѓанец осомничен за три кривични дела поврзани со семејно насилство

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко